Реални проекти за програмирање на роботи
Robokid е создаден со цел да ги инспирира новите генерации за понатамошно истражување по подрачето на роботиката, електрониката и компјутерските науки. Robokid лигата го поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците од основните училишта со тоа што ќе ве научи основите на програмирање на роботите Lego Mindstorm EV3.
Learn MoreНаучете со теорија и реални проекти!
Започнуваме со појаснување на функционалноста на роботите Lego Mindstorm EV3, за потоа да преминеме на нивното програмирање. Ќе научиме и за електрониката и основите на веб програмирањето.
Mindstorm EV3
Сите основни материјали на Robokid се дизајнирани за програмирање на роботите Lego Mindstorm EV3.
Scratch
Scratch е визуелен програмски јазик изграден специјално за новите генерации.
Python
Програмирање на посложени команди може да се направи и со програмскиот јазик Python
Електроника & Програмирање
Основите на електрониката и програмирањето се многу неопходни во манипулацијата со роботите.
Дискутирајте за роботиката
Делот на блогот има за цел да им помогне на учениците да дискутираат различните проблеми со кои може да се сретнат за време на нивната работа со роботи. Затоа, не двоумете се да ги објавите вашите проблеми и да им помогнете на другите студенти со нивните.
Explore CoursesПодгответе се и учете од најдобрите!
Лекциите на Робокид ќе ги подготви експерт по подрачето на електрониката и компјутерските науки.
Explore CoursesСè уште имате прашања?
Прочитајте ги најчесто поставуваните прашања кои ги разјаснивме подолу. Ако не можете да го најдете вашето прашање, не двоумете се да не контактирате директно.
Лекциите за робокид ќе бидат достапни онлајн во нашата платформа robokid.mk. Сепак, курсевите со физичко присуство ќе се одржуваат во просториите на основните училишта во градот Гостивар.
Сите ученици кои ќе го учествуваат во сите часови на Робокид лигата ќе добијат благодарница за нивниот успех.
Победничките училишта ќе добијат благодарница за освоените места.
Победниците од главниот натпревар ќе добијат пехари и медали за освоените места.
Прифаќање на учениците кои ќе учествуваат во Робокид лигата како и на финалниот натпревар ќе го направат раководителите на училиштето. Наша задача е да соработуваме со основните училишта така што ќе ги информираме за нашите очекувања за основните услови кои треба да ги исполнат учениците кои ќе се натпреваруваат.
Проектот Robokid е поделен на 3 дела кои доаѓаат еден по друг. Најпрво ќе ја имаме лигата која ќе се одржува во 4 основни училишта во градот Гостивар. Потоа во секое училиште ќе имаме прелиминарни натпревари за утврдување на победниците на училиштата. На крајот, победниците од училиштата ќе се натпреваруваат меѓу себе на финалниот натпревар каде ќе бидат одредени победниците од проектот Робокид.
Лекциите на Робокид ќе се подготвуваат имајќи ги предвид основците кои можат да бидат од 5-то до 9-то одделение. Но, Робокид лигата која ќе биде со физичко присуство може да прими само основци во градот Гостивар, кои се во 7-мо одделение.
#ReLOaD
Оваа платформа е изградена како дел од проектот Robokid на YEP, и се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Содржината на оваа платформа, како и позициите презентирани во неа, се исклучиво одговорност на организацијата YEP и тие на ниту еден начин не ги одразуваат ставовите на Европската Унија (ЕУ) или Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).