Користење на сензорите со LEGO EV3
1 min
LEGO EV3 е одлична платформа за изградба на интелигентни роботи и експериментирање со технологијата на автоматизација. Еден од најважните аспекти на оваа платформа е користењето на различни сензори, кои можат да помогнат на роботот да извршува многу различни функции.
На оваа платформа, имаме сензор за боја, сензор за допир и сензор за инфрацрвена светлина. Секој сензор има свои блокови во LEGO EV3 Classroom и секој од нив има посебна функција.
На сликата се прикажани сите блокови кои можат да се користат со сензорот за боја. Еден едноставен пример за употреба на овој сензор е следење на една едноставна линија на бела површина.
Во продолжение, ќе ви прикажеме еден пример на робот, каде тој се движи само ако открие црна боја
Сензорот за допир - Во продолжение, ќе ги видиме блоковите кои се користат за сензорот за допир.
Освен сензорот за допир, во EV3 Classroom имаме и копчињата на EV3 тулата кои се предвидена како сензор за допир. Функционалноста на сензорот е објаснета во претходните курсеви, поради тоа, во продолжение ќе ви претставиме практични примери.
Примерот го прикажува движењето на роботот напред за една ротација, но тоа движење е условено од сензорот за допир. Во овој случај, сè додека сензорот за допир не се притисне, роботот не се движи. Кога сензорот ќе биде притиснат, тогаш ќе започне извршувањето на програмата.
Како што може да се забележи во овој пример, исто како во претходниот пример, роботот треба да започне движењето, потребно е да се притисне сензорот за допир.Причината зошто ова е можно е поради блокот која овозможува непрекинато движење, а невозможна е поставувањето на друг блок. Во овој случај, блокот овозможува притискање на централното копче на EV3 тулата. Како што претходно наведовме, овие копчиња можат да бидат и користени како допирни сензори. Во овој случај, притискањето на ова копче ќе овозможи прекинување на движењето на роботот.
Инфрацрвениот сензор со црвен зрак - Во продолжение, ќе ви ги претставиме блоковите кои можат да бидат искористени за овој сензор во апликацијата EV3 Classroom.
Во овој пример, ќе ви покажеме ситуација кога роботот ќе испушти одреден звук во моментот кога неговото растојание од друг објект ќе биде помало од 15 цм.
Дискусија
#ReLOaD
Оваа платформа е изградена како дел од проектот Robokid на YEP, и се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Содржината на оваа платформа, како и позициите презентирани во неа, се исклучиво одговорност на организацијата YEP и тие на ниту еден начин не ги одразуваат ставовите на Европската Унија (ЕУ) или Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).