Движење десно и лево со LEGO EV3
1 min
Во оваа вежба, ќе го користиме платформата EV3 Classroom за да програмираме робот да се движи право и потоа да сврти лево или десно. Ова е забавна и предизвикувачка вежба која ќе ви помогне да научите како да програмирате робот.
Чекор 1: Отворете ја платформата LEGO EV3 Classroom и креирајте нов проект.
Чекор 2: Кога новиот проект е креиран, потребно е да имате работна табла како што е прикажано на сликата подолу.
Чекор 3: Во оваа вежба, целта е да се објасни движењето десно и лево на роботот. Затоа, изберете кружницата со розова боја наречена "MOVEMENT" ("ДВИЖЕЊЕ"). Во оваа кружница има неколку блокови, секој со неговата функционалност.
Чекор 4: Поврзете го вашиот робот со програмата преку Bluetooth или USB кабел.
Чекор 5: Зачувајте ја програмата и преземете ja на вашиот LEGO EV3 робот. Преземањето се прави со кликнување на иконата во простор за програмирање.
Чекор 6: Ако програмата е преземена, тогаш треба да се најде на базата на роботот и да се избере за да се изврши.
На оваа вежба, движењето на роботот надесно и налево се прави преку блокот "Move Tank" во кругот "MOVEMENT". Движењето на роботот надесно се прави на начин што во делот на блокот каде што пишува "straight", кликнете и по него се појавува кружниот објект кој може да се ротира надесно или налево. Во зависност од тоа каде ќе го поставите бројот, во делот каде што пишува "straight", ќе напишете "десно и број" или "лево и број со негативна вредност". За да го добиете посакуваното десно/налево скршување, освен веќе споменатото, мора да се подесат и бројот на ротации на роботот.
Во следната слика ќе ви прикажеме пример како роботот може да оди напред/назад и потоа да скрени десно/лево.
Кога програмата започнува, е поставен и блокот за стартување на програмата. "when program starts". Во овој курс, се препорачува да се користи блокот со кој имаме максимална контрола во движењата на роботот, но исто така можете да истражите и другите блокови за да го разберете програмирањето на роботот што подобро.
Дискусија
#ReLOaD
Оваа платформа е изградена како дел од проектот Robokid на YEP, и се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Содржината на оваа платформа, како и позициите презентирани во неа, се исклучиво одговорност на организацијата YEP и тие на ниту еден начин не ги одразуваат ставовите на Европската Унија (ЕУ) или Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).